Времето бара одговорност, а ние сме подготвени да ја покажеме. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија повикува на итно одржување лидерска средба со сите парламентарни партии. Потребно е заедничко дејствување на сите релевантни политички чинители, политичарите да покажат зрелост во овие моменти и заеднички да помогнат за стабилноста на државата, велат од СДСМ
Македонското општество се наоѓа пред важен тест на зрелост и одговорност, велат од СДСМ и додаваат дека настаните од изминатите денови, кога се случија сериозни инциденти со палење на државното знаме, пукање со оружје и поткопување на меѓуетничките односи сериозно ги вознемирија граѓаните, удрија по темелите на соживотот, безбедноста и сигурноста.
„Времето бара одговорност, а ние сме подготвени да ја покажеме. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија повикува на итно одржување на лидерска средба со сите парламентарни партии. Потребно е заедничко делување на сите релевантни политички чинители, политичарите да покажат зрелост во овие моменти и заеднички да помогнат за стабилноста на државата. Граѓаните треба да ја видат сликата на заедништво – сликата на лидери кои се подготвени да седнат на иста маса, да разговараат и заеднички да се справат со сите предизвици“,
порачуваат од СДСМ.
Повикот за лидерска средба СДСМ го упати вчера, а премиерот Мицкоски кажа дека иако според него нема потреба за такво нешто, сепак ќе размисли во следните денови.
„Не сум размислувал, но деновиве што се пред мене ќе размислувам на таа тема и доколку навистина има аргументи што одат во таа насока, зошто да не. Но не гледам причина за такво нешто во моментов, вака ако гледам објективно“,
рече Мицкоски.