Ова како решенија за поттикнување заедништво во регионот со цел забрзување на евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан го нагласиле претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и црногорскиот премиер Милојко Спајиќ
Повторно воспоставување директна авиолинија, формирање на културни центри во двете држави и што поскоро одржување на меѓувладина седница. Ова како решенија за поттикнување заедништво во регионот со цел забрзување на евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан го нагласиле претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на денешната средба во Црна Гора.

Меѓу главните приоритети, нагласила Сиљановска-Давкова, е регионалната соработка. Соговорниците заклучиле дека е потребен брз и голем исчекор во економската соработка која ќе ги следи одличните политички односи.

Претседателката изразила задоволство од досегашниот развој на односите и соработката на двете земји, кои, како што рекла, ги карактеризира силно пријателство, идентични ставови по однос на развојот на меѓународната и регионалната соработка, со заеднички стратегиски цели – мир и стабилност во регионот и членство во ЕУ.
