Веднаш по одобрувањето на новиот состав на Европската комисија, новата еврокомесарка за проширување Марта Кос во изјава за медиумите вчера го повтори својот став за С Македонија, дека од земјава очекува промена на Уставот за вклучување на Бугарите – ништо повеќе и ништо помалку. Тоа, како што рече Кос, е нешто на кое смета ЕК
Од новиот состав на Европската комисија треба да очекувате многу напорна работа. Очекувам како ЕУ овој пат и ние да можеме да испорачуваме резултати со многу забрзана динамика, изјави денеска шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Михалис Рокас, на прес-конференција во Битола.
„Од новиот состав на Европската комисија треба да очекувате многу напорна работа. Процесот на проширување на Европската Унија е врвен приоритет за самата Унија. Како сведоштво или како доказ за тој врвен приоритет е тоа што имаме комесар за проширување, а имаме и политички директор којшто ја има функцијата за проширување. Значи ги имаме сите алатки на раполагање и треба да ги ставиме во дејство од првиот ден на работата на новиот состав на Европската комисија. Ние како Делегација на ЕУ заедно со мојот тим и сите други членки на ЕУ тука присутни, остануваме посветени на самиот напредок за да може да ги искористиме сите можности кои ЕУ ги нуди. Имаме на располагање различни финансиски механизми, како што е Планот за раст на Европската комисија и исто така реформската агенда на самата влада. Очекувам како ЕУ овој пат и ние да можеме да испорачуваме резултати со многу забрзана динамика“,
истакна Рокас.
Шефот на Делегација на ЕУ во земјава денеска е во посета на Општина Битола и на други институции во овој град.
Веднаш по одобрувањето на новиот состав на Европската комисија, новата еврокомесарка за проширување Марта Кос во изјава за медиумите вчера го повтори својот став за С Македонија, дека од земјава очекува промена на Уставот за вклучување на Бугарите – ништо повеќе и ништо помалку. Тоа, како што рече Кос, е нешто на кое смета ЕК.
Прашана дали по усвојувањето на уставните измени би можело да се дадат гаранции дека земјава веќе нема да има блокади на патот кон ЕУ, Кос рече дека таа не е онаа што може да даде одговор на тоа прашање.
Во однос на тоа како може да се реши спорот со Бугарија, еврокомесарката вели дека треба да се разговара што е можно повеќе и со Скопје и со Софија.
