Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне – сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец

Времето претпладне ќе биде променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Од синоќа дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 километри на час). Засилен ветер особено вдолж Повардарието ќе има до крајот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 11 Целзиусови степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне – сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 9 степени.
УХМР најавува дека утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег претежно во западните делови. Уште од ноќта ќе дува умерен, а особено вдолж Повардарието засилен северен ветер (над 70 километри на час). Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по котлините.