Петмина актуелни и поранешни руски претставници наведуваат дека Кремљ би можел да се согласи на замрзнување на конфликтот на сегашните линии на фронтот
Рускиот претседател Владимир Путин е отворен да разговара за договорот за прекин на огнот во Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но исклучува да направи какви било големи територијални отстапки и инсистира Киев да се откаже од амбициите да се приклучи на НАТО, потврдиле пет руски неименувани извори за Ројтерс.
Петмина актуелни и поранешни руски претставници наведуваат дека Кремљ би можел да се согласи на замрзнување на конфликтот на сегашните линии на фронтот.
Тројца извори тврдат дека Путин е отворен за преговори за прецизно разграничување на четирите источни украински региони Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон. Москва овие региони ги смета за своја територија иако руската армија контролира само 70 до 80 отсто, што не ја спречи илегално да ги анектира.
Русија, исто така, може да биде отворена за повлекување од релативно малите делови на територијата што ја држи во регионите Харков и Миколаев, на север и на југ од Украина, рекле две официјални лица за Ројтерс.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски, претходно изјави дека Киев нема да се согласи на примирје додека сите руски војници не ја напуштат украинската територија, што за американските генерали е амбициозен план.
