Уставот му дозволува на претседателот да прогласи општа вонредна состојба во вонредни ситуации
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска најави дека ќе прогласи општа вонредна состојба со цел да ги искористи вооружените сили за спроведување на неговата програма за масовно протерување мигранти.
„Добра вест: според некои информации, администрацијата на Доналд Трамп е подготвена да прогласи национална вонредна состојба како дел од програмата за масовно депортирање и да користи воени ресурси против масовната инвазија на Бајден на имигрантите што наводно ги дозволил претседателот во заминување“,
напиша на платформата на Трамп, Truth Social, Том Фитон, директор на конзервативната организација „Џудикал воч“ (Judicial Watch).
Трамп на таа објава на истата мрежа одговори:
„Тоа е вистина“.
Во САД има околу 11 милиони илегални имигранти, а групите за човекови права се загрижени поради републиканскиот проект кон нив и почитувањето на владеењето на правото воопшто.
Уставот му дозволува на претседателот да прогласи општа вонредна состојба во вонредни ситуации.
За време на својот прв мандат, Трамп ја искористи таа одредба во однос на јужната граница на САД за да добие осум милијарди долари од буџетот за изградба на ѕид на границата со Мексико.
