Властите од денеска почнаа да ја спроведуваат фазата 4 од Акцискиот план за оценета реакција, или ГРАП 4, врз основа на сериозноста на загадувањето на воздухот, што вклучува построги мерки, како прекин на наставата, во градот ќе можат да влезат само камиони за истовар на храна
Загаденоста на воздухот во главниот град на Индија, Њу Делхи, утринава достигна ниво што е 60 пати над максималниот праг поставен од Светската здравствена организација (СЗО), покажуваат мерењата на швајцарската компанија за квалитет на воздухот „Ај кју ер“ (IQ Air).

Градските власти наредија затворање на училиштата и градилиштата, но и забрана за влегување на товарни возила во градот. Видливоста во градот е толку мала што авиокомпаниите предупредија на доцнење на авионските линии.
Жителите на Њу Делхи од утрово буквално можат да го видат воздухот што го дишат, а токсичниот смог е опасен по здравјето.
Воздухот влезе во „тешка категорија“, според САФАР, главната агенција за животна средина во земјата, која ги мери ситните честички во воздухот што можат да навлезат длабоко во белите дробови.
Според прогнозите, слабиот квалитет на воздухот ќе продолжи и во текот на неделата.
Загадувањето на воздухот во северна Индија се зголемува секоја година, особено во зима, бидејќи земјоделците ги палат остатоците од земјоделските култури во земјоделските области. Поради ниските температури, чадот останува во воздухот, а ветрот го носи во градот, каде што и автомобилите придонесуваат за загадувањето. Емисиите од индустријата и согорувањето на јаглен за производство на електрична енергија се исто така поврзани со загадувањето.
Властите од денеска почнаа да ја спроведуваат фазата 4 од Акцискиот план за оценета реакција, или ГРАП 4, врз основа на сериозноста на загадувањето на воздухот, што вклучува построги мерки, како прекин на наставата, во градот ќе можат да влезат само камиони за дотур на храна.
Постарите дизел-возила не смеат да се користат, а сите работи на градилиштата се прекинати.
Надлежните апелираа до децата, старите лица и лицата кои боледуваат од хронични болести да избегнуваат престој на отворено.
