Најмалку 10 новороденчиња загинале, а 16 се борат за живот во пожар што го зафатил неонатолошкиот оддел на болница во градот Џанси во северната индиска држава Утар Прадеш, објавуваат индиските медиуми

Се претпоставува дека пожарот настанал поради дефект во електричната мрежа на болницата, по што огнот брзо се проширил во одделението во кое имало 55 бебиња.
Спасувачите стигнале 30 минути по избувнувањето на пожарот. За да дојадт до бебињата морале да ги кршат прозорците. Локалните власти најавуваат истрага и утврдување одговорност за оваа трагедија.
