Тун е 63-годишен ветеран претставник кој важи за умерен и близок со многу републиканци. Во моментов е втор највисоко рангиран републиканец во Сенатот, а на новата функција ќе го наследи 82-годишниот Мич Меконел, лидер на тој дом со најдолг мандат во историјата
Републиканците во американскиот Сенат денеска го избраа Џон Тун за шеф на тоа тело, што укажува на тоа дека тие се спротивставиле на притисокот да изберат некој лојален на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
Изборот на сенаторот од Јужна Дакота е знак дека Сенатот би можел да има одреден степен на независност од претседателот следната година, кога републиканците ќе имаат контрола врз Белата куќа, а можеби и во Претставничкиот дом. Републиканците ќе имаат најмалку 52 од 100 претставници во Горниот дом и се на пат да го задржат мнозинството во Долниот дом, кој се уште ги чека конечните изборни резултати.
Тун е 63-годишен ветеран претставник кој важи за умерен и близок со многу републиканци. Во моментов е втор највисоко рангиран републиканец во Сенатот, а на новата функција ќе го наследи 82-годишниот Мич Меконел, лидер на тој дом со најдолг мандат во историјата.
Тун ги победи сенаторите Џон Корнин од Тексас и Рик Скот од Флорида, близок сојузник на Трамп поддржан од влијателни непартиски личности како милијардерот Илон Маск и конзервативниот коментатор Шон Ханити. Трамп јавно не поддржа ниту еден од кандидатите.