Алексеј Зимин изгради значајна кариера во медиумите и кулинарството, работејќи за Афиша, која ја објави веста за неговата смрт и беше главен уредник на неколку списанија, вклучувајќи ги „Џи кју“ (GQ) и „Гурмет“. Пишуваше и како колумнист за „Комерсант“ и „Ведомости“. Покрај новинарските активности, Зимин ја водеше и ТВ-емисијата „Готвење со Алексеј Зимин“ и напиша неколку книги за готвење

Рускиот новинар и готвач Алексеј Зимин почина на 53-годишна возраст во Белград. Причината за смртта сè уште не е потврдена.
„Телеграф“ пишува дека тој бил пронајден мртов во изнајмен стан во Белград. Според неофицијални информации, сопственикот на станот не можел да стапи во контакт со него цели седум дена. Кога дошол да провери што се случува, го нашол мртов. Тој наводно имал рана на главата.
Алексеј Зимин изгради значајна кариера во медиумите и кулинарството, работејќи за Афиша, која ја објави веста за неговата смрт и беше главен уредник на неколку списанија, вклучувајќи ги „Џи кју“ (GQ) и „Гурмет“. Пишуваше и како колумнист за „Комерсант“ и „Ведомости“. Покрај новинарските активности, Зимин ја водеше и ТВ-емисијата „Готвење со Алексеј Зимин“ и напиша неколку книги за готвење.
Откако се пресели во Лондон во 2015 година, Зимин започна кариера во ресторанската индустрија и го лансираше ресторанот и списанието „Зима“. Тој беше истакнат критичар на војната во Украина, а претходно објави видео на Инстаграм во кое пее антивоена песна, пишува „Економист“.
Откако го објави видеото со антивоената песна, неговото руско ТВ-шоу „Готвење со Алексеј Зимин“ нагло беше откажано на мрежата НТВ. Поранешниот руски пратеник и истакнат опозициски политичар Илија Пономарев изјави дека емисијата е откажана поради „антивоените изјави на водителот на социјалните мрежи“.
Жесток критичар на Путин и војната
На почетокот на војната во 2022 година, Зимин објави неколку антивоени изјави на Инстаграм како: „Донесете ги нашите војници дома“ и „Стоп за војната. Повлечете ги војниците и вратете ги нашите војници дома“.
Тој исто така напиша:
„Како и сите што пораснаа во СССР, јас бев воспитан да верувам дека војната е најлошото нешто што може да се случи. Нема оправдувања за тоа, а и да имало, сега е доцна за изговори. Како што пееше Розенбаум, треба да го запреме ова лудило. Војната не е покер“.
Зимин се преселил во Обединетото Кралство за да присуствува на Le Cordon Bleu, кулинарско училиште во Лондон, а во 2016 година го отворил ресторанот Зима, специјализиран за руски јадења. Тој беше еден од многуте антивоени критичари во Лондон кои редовно протестираа во близина на амбасадата.
Откако се преселил во Обединетото Кралство, Зимин наводно не се вратил во Русија, а по отворањето на ресторанот почнал да донира дел од приходите за поддршка на Црвениот крст во неговата работа со украинските бегалци. Зимин донирал приближно 30 000 фунти на Црвениот крст во 2023 година, според извештајот на Скај њуз.
Иако бил гласен противник на војната, ресторанот на Зимин наводно бил цел на закани и откажувања на резервации на почетокот на војната. Тој за медиумите изјави дека луѓето му рекле: „Вие руски свињи“ и „Морате да го затворите вашиот ресторан или ние ќе го затвориме“.
