Доцна во средата навечер на американскиот источен брег, пребарувањата на Гугл за иселување достигнале рекордно ниво за сите три земји, открил претставник на Гугл
Откако излезните анкети во САД почнаа да укажуваат на второ претседателствување на Доналд Трамп, многу Американци веќе почнаа да бараат друг вид излез – заминување во странство.
Пребарувањата на Гуг за „преселба во Канада“ скокнале за 1 270 отсто во рок од 24 часа по затворањето на гласачките места на источниот брег на САД во вторникот, покажуваат податоците на компанијата.
Слични пребарувања за преселба во Нов Зеланд се зголемиле за речиси 2 000 отсто, додека оние за Австралија скокнале за 820 отсто.
Доцна во средата навечер на американскиот источен брег, пребарувањата на Гугл за иселување достигнале рекордно ниво за сите три земји, открил претставник на Гугл.
Гигантот за пребарување не дава апсолутни бројки, но податоците од веб-страницата „Имиграција Нов Зеланд“ (Immigration New Zealand) покажуваат дека страницата забележала околу 25 000 нови американски корисници на 7 ноември, во споредба со 1 500 истиот ден минатата година.
Некои адвокати за имиграција се исто така преплавени со прашања.
„На секој половина час стигнува ново прашање по електронска пошта“,
рече Еван Грин, управен партнер во најстарата адвокатска фирма за имиграција во Канада, „Грин и Шпигел“.