Се претпоставува дека синоќешниот конфликт бил конфронтација меѓу дилери на дрога, изјавил полициски извор за БФМТВ
Најмалку пет лица се ранети во вооружен конфликт во Поатје. Се верува дека станува збор за пресметка меѓу дилери на дрога. Меѓу ранетите има и адолесцент, кој е застрелан во главата и е во тешка состојба.
„Имаме избор меѓу заедничка борба против тоа и мексиканизација на земјата. Денес наркобосовите веќе немаат граници. Меѓу 400 и 500 луѓе се вклучени во таа конфронтација“,
изјави францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ретахо за БФМТВ/РМЦ.
Од БФМТВ/РМЦ додаваат дека сè уште не добиле потврда за бројот на лицата вклучени во вооружениот конфликт, но дека се знае дека најмалку пет лица се ранети, додека 15-годишен адолесцент бил застрелан во главата и е во тешка состојба.
Се претпоставува дека синоќешниот конфликт бил конфронтација меѓу дилери на дрога, изјавил полициски извор за БФМТВ.
„Она што се случи синоќа е поврзано со тоа, можам да ви потврдам“,
изјави Ретахо за БФМТВ.
Тој додаде дека вакви вооружени конфликти не се случуваат само во Јужна Америка.
„Тие се случуваат во Поатје, во западниот дел на Франција, познат по мирот и безбедноста. Ние сме на работ на хаос и имаме избор помеѓу заедничка борба против тоа и мексиканизација на земјата“,
нагласи францускиот министер за внатрешни работи.
