Посочи дека нејзината земја е жртва на специјална руска операција и ја поддржа грузиската опозиција која не ги признава резултатите од гласањето
Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, денеска ги повика Грузијците утре да излезат на улиците на главниот град Тбилиси за да протестираат против резултатите на парламентарните избори кои според неа се фалсификат и претставуваат целосна кражба на гласови.

Посочи дека нејзината земја е жртва на специјална руска операција и ја поддржа грузиската опозиција, која не ги признава резултатите од гласањето.
Тамошната Централна изборна комисија соопшти дека владејачката партија Грузиски сон добила речиси 55 отсто од гласовите на речиси 100 отсто пребројани гласачки ливчиња.
Милијардерот и основач на партијата Бидзина Иванишвили прогласи победа.
Европските набљудувачи на изборите оценија дека гласачкиот процес се одржа со заплашувања и со случаи на физичко насилство, што го загрози исходот од гласањето.
Грузиската претседателка не се согласува со власта во земјата.
Изборите во Грузија се оценуваат како едни од позначајните за земјата и пресуден момент што ќе одлучи дали Грузија ќе се приближи кон Западот или ќе се приклони назад кон Русија среде војната со Украина.
