Основниот кривичен суд Скопје во декември минатата година го прогласи за виновен и го осуди на две години и шест месеци затворска казна Мухамед Зеќири кому му се судеше за склучување два договори за консултантски услуги без да спроведе соодветна постапка за јавни набавки. Освен казната затвор, судот го задолжи Зеќири и да ја надомести штетата нанесена на Буџетот на државата во износ од 71 338 336 денари или околу 1 150 000 евра
Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата на Основниот кривичен суд Скопје против поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири за злоупотреба на службена положба и овластување и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд.
Основниот кривичен суд Скопје, во декември минатата година, го прогласи за виновен и го осуди на две години и шест месеци затворска казна Мухамед Зеќири кому му се судеше за склучување два договори за консултантски услуги без да спроведе соодветна постапка за јавни набавки. Освен казната затвор, судот го задолжи Зеќири и да ја надомести штетата нанесена на Буџетот на државата во износ од 71 338 336 денари или околу 1 150 000 евра.
„Постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ- 16/24, по одржана јавна седница на 05 јуни годинава, на 06 септември, Апелациониот суд Скопје донесе одлука со која ја уважи жалбата на обвинетиот М.З. од С. и пресудата на Основниот кривичен суд Скопје по жалбата и по службена должност, ја укина и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд. Жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, изјавена по однос на одлуката за конфискација, ја оцени како беспредметна во оваа фаза на постапката“,
се вели во соопштението од Апелација.
При повторното постапување, се вели во решението по предметот од Апелација, потребно е првостепениот суд да ги отстрани констатираните суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка од член 414 став 1 точка 11 од ЗКП, на начин што најпрвин ќе ги утврди сите решителни факти во предметот, кои што имаат битно влијание за правилна примена на Кривичниот законик, при оценката за постоење на предметното кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот.
„При повторното постапување, потребно е првостепениот суд да ги изведе доказите предложени од странките во насока на утврдување на решителните факти на кои е укажано во ова решение, па по спроведувањето на доказната постапка и изведување на доказите предложени од странките, во зависност од утврденото, со правилна примена на Кривичниот законик, првостепениот суд да се произнесе за постоење на предметното кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот, донесувајќи правилна и законита судска одлука, која ќе може во целост и со сигурност да се испита“,
се додава во решението од Апелација.
Зеќири беше осуден за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, односно според членот 353 став 4 од Кривичниот законик за кој со последните измени на Законикот е предвидена казна од една до пет години.
Поранешниот генерален секретар на Владата беше прогласен за виновен затоа што во постапка за јавни набавки склучил два директни договори за консултантски услуги со две фирми за длабинско снимање на „Пошта на Република Северна Македонија“ и за евентуална приватизација на „Железници – Транспорт“, со што со што нанел штета на буџетот.
Зеќири, по изрекувањето на пресудата, во изјава за медиумите рече дека таа е неоснована и дека ќе ја обжали пред второстепениот суд.