Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса и во наредните денови ќе следува период на променливо облачно и посвежо време
Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови на повеќе места ќе има услови за развој на нестабилност, која наместа ќе биде изразена во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град, информираат од Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура се движи во интервал од 12 до 20 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 25 до 33 степени.
За Скопје синоптичарите прогнозираат слично време, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во главниот град, исто така, се очекува да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме.
Минималната температура во Скопје се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 Целзиусови степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса и во наредните денови ќе следува период на променливо облачно и посвежо време. На повеќе места ќе има пороен дожд, проследен со грмежи и засилен ветер, а локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд од над 25 литри на квадратен метар, грмежи, силен ветер од над 70 километри на час и појава на град.
