Така, еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 74,50 денари за литар, еуросупер БС-98 по цена од 78,50 денари, дизелот 69,50 денари за литар, а екстра лесното масло за 68,50 денари за литар
Од полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 за два денара, согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Цените на еуросупер БС-98, дизелот, екстра лесното масло за домаќинството и мазутот остануваат исти.

Така, еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 74,50 денари за литар, еуросупер БС-98 по цена од 78,50 денари, дизелот 69,50 денари за литар, а екстра лесното масло за 68,50 денари за литар.
Цената на мазутот останува 44,780 денари за килограм.
