Како дел од превентивните мерки, властите во Хаинан досега евакуираа 419 367 жители, затворија неколку туристички места и воведоа рестрикции за возачите, јавува Синхуа

Супертајфунот Јаги стигна до јужниот кинески остров Хаинан со ветрови кои дуваат со брзина поголема од 230 км/ч, а државните медиуми јавуваат дека речиси 420 000 жители се евакуирани како мерка на претпазливост. Јаги би можела да стане најсилната бура што ја погодила јужна Кина во последните десет години, а се очекува со еднаква жестокост да го погоди и соседен Виетнам.
Официјалната новинска агенција Синхуа пишува дека супертајфунот паднал на копно во 16:20 часот по локално време и го погодил брегот на Хаинан во близина на Венчанг, на североистокот од островската провинција. Со екстремно обилни врнежи, тајфунот со ветрови кои достигнуваат и до 234 км/ч може да предизвика катастрофални штети на овој остров, туристичка дестинација позната по песочните плажи и луксузните хотели.
Како дел од превентивните мерки, властите во Хаинан досега евакуираа 419 367 жители, затворија неколку туристички места и воведоа рестрикции за возачите, јавува Синхуа.
【Breaking News】 Typhoon yagi has just landed in Hainan. The Baojin Primary School Station in Wenchang recorded a minimum air pressure of 922.0 hpa, breaking the record for the lowest sea level pressure measured on land in China pic.twitter.com/sqfJuQxzLB
— Jim (@yangyubin1998) September 6, 2024
Кинеското Министерство за водни ресурси вчера ги подигна вонредните мерки на третото, највисоко ниво бидејќи областа се соочува со проблем со поплави во Хаинан, но и во соседната јужна провинција Гуангдонг.
„Јаги веројатно ќе заврши како најсилниот тајфун што го погодил јужниот брег на Кина од 2014 година, што ќе ја отежне работата за спречување поплави“,
објави Синхуа по состанокот на претставниците за контрола на поплавите.

Јаги само во петокот вечерта помина најмалку 400 километри од Хонг Конг, носејќи со себе обилни врнежи.
Во петокот берзата во Хонг Конг беше привремено суспендирана, училиштата беа затворени, а јавниот превоз беше ограничен. Властите известија за тројца повредени, додавајќи дека штетата е ограничена. Поројниот дожд во градот продолжува со еднаква жестокост и денеска.
【Breaking News】 Typhoon yagi has just landed in Hainan. The Baojin Primary School Station in Wenchang recorded a minimum air pressure of 922.0 hpa, breaking the record for the lowest sea level pressure measured on land in China pic.twitter.com/sqfJuQxzLB
— Jim (@yangyubin1998) September 6, 2024
Метеоролозите најавуваат дека по јужна Кина, Јаги ќе ја продолжи рутата кон Виетнам. Како што предвидуваат синоптичарите, бурата ќе ги погоди северните и централните области во близина на познатиот залив Ха Лонг, место кое е запишано на списокот на светско наследство на УНЕСКО поради неговата природна убавина.
