Јавноста е во целосна конфузија по вчерашниот инцидент со претседателката на Косово, Вјоса Османи откако сите страни излегоа со своја верзија на настанот, велат од опозицискиот СДСМ
Од СДМС прашуват дали се прикрива вистинската верзија за тоа што се случило на Меѓународниот аеродром Скопје и од кои причини. Оттаму додаваат дека Косово го окарактеризира настанот како „дипломатски скандал“, додека јавноста не била удостоена ниту со прес-конференција на МВР за да се разбере што се случило.
„Вистина ли е дека лице од обезбеувањето на Гаши се заканувало со огнено оружје на вработени на ТАВ и каква била неговата улога? Дали ова во детали ќе го истражи и соопшти МВР или ќе се обиде да го забошоти случајот? Повеќе од очигледно е дека некој се обидува да стави одредени факти под тепих. СДСМ бара целосно расчистување на настанот и транспарентно соопштување од страна на МВР“,
се вели ви соопштението на СДСМ.
Од СДСМ велат дека како и за повеќе други ситуации, во овој краток мандат на Владата, граѓаните не знаат што се случува и која е вистината.
„Ние гледаме секојдневно спротивни информации на многу теми и тоа директно од највисоките претставници на власта. Муцунски зборува едно за кредитот за пругата кон Бугарија, Николовски друго. Мицкоски вели дека ќе најде начин да се намалат платите на функционерите, министереката за фиансии дека ќе си оди ако се намалат платите. Албанските партии во власта се со сосема различни тврдења од ВМРО-ДПМНЕ по сите прашања од нивни интерес, без разлика дали е тоа албанска МАНУ или балансерот. Оваа Влада е многу нечесна кон граѓаните и повеќе од јасно е дека вистината тешко ќе се дознава“,
смета СДСМ.