На денешната владина седница се именувани повеќе в.д. директори на затворите низ државата, како и на различни институции
Откако Управата за извршување на санкции констатираше неправилности во работењето на затворот „Скопје“ во Шутка на денешната владина седница е разрешен директорот на оваа установа Филип Андов и на негово место за в.д. директор е назначен Бобан Утковски.
Пред неколку дена в. д. директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов на прес-конференција го обвини сега поранешниот директор на затворот во Шутка дека затворениците со негов „амин“ кога сакаат влегуваат и излегуваат, а кога затворската полиција ќе им забележела, тие, како што рече Пандов, „ваделе телефони и му јавувале на Сокол дека дадени се пари и не смее да им прети“.
Понатаму, Пандов обвини дека во отвореното одделение, Андов лично одредувал кои затвореници ќе бидат распоредени во деловите наречени „возен парк“ и „перална“, за да може, како што вели тој, кога сакаат да влегуваат и да излегуваат.
Сите овие наводи директорот на Шутка ги отфрли како неточни и најави тужба против Пандов.
Понатаму на владина седница се именувани и други в.д. директори на затворите низ државата.
Ибрахим Ељези на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПД Идризово со отворено одделение во Велес.
Дејанчо Здравков на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПУ Затвор Штип.
Ѓорги Хубрев на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПУ Затвор Штип.
Емил Јанески на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПД Прилеп.
Диме Наумчески на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПД Прилеп.
Ардит Мустафаи на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПД од отворен вид Струга.
Александар Мојсов на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПД од отворен вид Струга.
Александар Јовковски на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПД Затвор Битола.
Слаѓана Стаменковска на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именувана за в.д. директор на КПД Затвор Гевгелија.
Оливер Цветковски на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именувана за в.д. директор на КПУ Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка.
Хамид Алитовиќ на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПУ Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка.
Климент Софковски на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПД Затвор Охрид.
Мите Костески на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПД Затвор Охрид.
Зоран Ристов на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПД Затвор Струмица.
Игор Додевски е именуван за в.д. заменик на директорот на Казнено-поправна установа Затвор Тетово.
Во соопштението се наведува дека Бране Стојчески на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на ВПУ Воспитно-поправен дом Тетово.
Од должноста претседател и членови на Управниот одбор на Фонд за иновации и технолошки развој, Владата ги разреши: од претседател Моника Младеновиќ, од членови: Фатљуме Реџа-Лусњанин, Наташа Гешоска, Шерефедин Ибиши, Љубомир Поповски, Дардан Селмани и Адријан Фазлија, а за членови да ги именува: Иво Николов, Благоја Денковски, Кирил Ковчегарски и Бојана Наумоска за период од три години, Нада Цветкоска, Маријана Ѓорѓиевска и Благојче Лазороски за период од две години.
„Владата му препорача на Управниот одбор на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта-Скопје ц.о од должноста директор на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта-Скопје, да го разреши Костадин Ацевски, а за в.д. директор да го избере Нуредин Фетаи. Владата му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за Државни патишта за в.д. заменик директор на Јавно претпријатие за Државни патишта да го избере Назим Таипи“,
велат од владата.
Од владината прес-служба соопштија дека Фадил Асани е именуван за в.д. заменик на директорот на Агенција за храна и вeтеринарство, а Зоран Крстаноски е именуван за директор на Управата за имотно-правни работи.
Илија Стоилев е именуван за в.д. директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а Фадиљ Асани е именуван за в.д. заменик на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Христина Смилевска е именувана за в.д. заменик на директорот на Агенција за стоковни резерви.