Израел претходно издаде наредба за евакуација. Министерството за здравство во Газа соопшти дека меѓу загинатите 37 луѓе – има неколку жени и деца
Здравствените власти во Газа, соопштија дека најмалку 37 Палестинци се убиени при тенковски и воздушни напади од страна на израелската армија во Кан Јунис.
Израел претходно издаде наредба за евакуација на некои места. Министерството за здравство во Газа соопшти дека меѓу загинатите има неколку жени и деца, а повеќе од десетина луѓе се повредени.
Околу 400.000 биле во нападнатата област, кои немале време да за минат пред да се одвиваат израелските напади.
Израел инсистира дека последните напади се повратен одговор на новите напади од палестинско тло, односно испалените ракети од источниот дел на Кан Јунис.
Во меѓувреме Палестинците тврдат дека веќе нема сигурно место во Газа, бидејќи Израелците напаѓаат и во хуманитарни зони.
Во почетокот на јули, околу 10 Палестинци беа убиени во израелските напади во Ал-Маваси кои беа означени како хуманитарни точки.
Израел за сето време тврди дека високи лидери на Хамас се инфилтрираат помеѓу цивилите.