Заради слабата координација и немарност, изгореа преку илјада хектари зеленило и се донесоа во опасност над 150 куќи, обвинија од СДСМ откако земјава е зафатена од повеќе пожари на отворено

Задоцнета и ненавремена беше реакцијата на надлежните и Владата на Мицкоски за справување со пожарите во Неготино и регионот, обвинија од опозицискиот СДСМ.
„Заради слабата координација и немарност, изгореа преку илјада хектари зеленило и се донесоа во опасност преку 150 куќи. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше ефикасност, но само по првата криза се покажа дека не умеат да се носат со предизвиците. Цели два дена доцнеше механизација и прогалсувањето на кризна состојба“,
велат од СДСМ.
Според партијата, Владата синиќа прогласила кризна состојба дури три часа откако СДСМ алармирал.
„Навремена и соодветна реакција ќе спасеше значителна површина на зеленило и немаше да се доведе во опсност викенд населбата Калањево. ВМРО-ДПМНЕ мора да сфати дека со лажен ПР и постојани вести нема да ја покријат неспособноста на терен“,
соопшти СДСМ.