Денеска Словенија ја зафати невреме кое донесе обилни дождови, град и налети на ветер. Во раните попладневни часови невремето се пресели на североисток, објави Дневник.хр.
Силен град ги погоди Велење и Словенске Коњице, а невремето може да го зафати и северниот дел на Хрватска, пишува 24ур.

Невремето со град, дождови и силни ветришта што ја погоди Словенија патува кон Хрватска. Затоа, жителите на северните региони на Хрватска – Меѓимурје и Хрватско Загорје треба да бидат особено внимателни.
„Меѓимурске новине“ објави дека денеска попладне почнал да паѓа град и кај Свети Мартин на Мура.
Поради опасност од невреме со грмотевици придружено со силен ветер и град, надлежните го ставија Загрепскиот Регион под жолт метеоаларм.