На фотографиите кои ги објави Мицкоски на Фејсбук се гледа дека на состанокот од македонска страна, покрај премиерот присуствувале и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерто за надворешни работи и трговија Тимчко Муцунски и министерот за одбрана Владо Мисајловски
Делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон се сретна со претставници на македонската дијаспора. Ова утрово го објави Мицкоски на неговиот фејсбук-профил, посочувајќи дека пред самитот на НАТО посветил внимание на прашањата и позициите на дијаспората во САД.

„Имав одлична средба со Мето Коловски и Обединетатат македонска дијаспора, со кои разговаравме за поддршка и лобирање за македонските интереси“,
напиша Мицкоски.
Премиерот пред два дена со делегација отпатува за САД каде што ќе учествува на самитот на НАТО во Вашингтон по повод 75-години од формирањето на Алијансата.

На фотографиите кои ги објави Мицкоски на Фејсбук се гледа дека на состанокот од македонска страна, покрај премиерот присуствувале и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерто за надворешни работи и трговија Тимчко Муцунски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Самитот на НАТО по повод одбележување на 75-годишнината од формирањето на воената алијанса ќе се одржи во Вашингтон од 9 до 11 јули.
Претстојниот самит на НАТО е во фокусот на јавноста поради потенцијалната средба на македонскиот и грчкиот премиер – Христијан Мицкоски и Кирјакос Мицотакис, што ќе биде прва по острите реакции на официјална Атина за употребата на уставното име од страна на државниот врв во земјава.