„Возраста на заболените се движи од еден месец до 81 година, а најголем број од заболените се од возрасната група до четири години. Најголем број од случаите се хоспитализирани на Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај деца, во Козле. Заболените, во просек, во болница остануваат до девет дена“, велат од ИЈЗ
Изминатата недела, односно од 14 до 20 јуни се регистрирани 41 нов случај на голема кашлица во земјава, од кои седум случаи се хоспитализирани, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Оттаму велат дека најголем дел од случаите се приајвени во Скопје, или 31 случај, седум има во Куманово, два во Тетово и еден случај во Македонски Брод.
„Возраста на заболените се движи од еден месец до 81 година, а најголем број од заболените се од возрасната група до четири години. Најголем број од случаите се хоспитализирани на Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај деца, во Козле. Заболените, во просек, во болница остануваат до девет дена“,
се вели во соопштението од ИЈЗ.
Инаку, заклучно со 20 јуни, во земјава се регистрирани 786 случаи на голема кашлица, што, според податоците од ИЈЗ, претставува зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период, кога биле регистрирани вкупно 10 случаи.
Од 18 јануари до 20 јуни, како што велат од ИЈЗ, дадени се вкупно 55 143 дози вакцина против голема кашлица.