Владиката Јован има уникатно искуство, одблиску ги познава состојбите и во Цариград, но и дома. Две децении сослужувал и комуницирал со великодостоинствениците од православниот свет, на кои денес им „тежи“ зборот. Од друга страна, пак, бил и сега повторно е дел од највисоките структури на Македонската православна црква
Српската православна црква (СПЦ) пред две лета го призна постоењето на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) и со томос ја изедначи на себе, ставајќи крај на повеќедеценискиот спор.
Владееше уверување дека Вселенската патријаршија, со симнувањето на шизмата (отпадништво од црковната заедница) и српската црква со томосот го расчистиле патот, православниот свет целосно да ги прифати Македонската православна црква и нејзините следбеници. Оттаму изненадување е благ збор за да се опише аберот што стигна од Вселенската патријаршија оваа пролет. Нејзиниот митрополит, господин Кирил, близок соработник на првиот меѓу еднаквите, екуменскиот патријарх Вартоломеј Први, преку ТВ-интервју порача дека српскиот томос, всушност, и не бил баш тоа. Тој го нарече српскиот потег престап, алудирајќи дека томос може да даде единствено Вселенската патријаршија.
За дилемата околу томосот и за условите што доаѓаат од седиштето на Вселенската патријаршија, градот некогаш прославен како Цариград, зборува митрополитот крушевско-демирхисарски Јован во јавноста познат и по световното име Вранишковски.
Неговото враќање во МПЦ следуваше по српскиот томос. Оттогаш помина една година во соработката со поглаварот и со колегите од Синодот, која тој ја оценува како коректна, иако чувствува воздржаност од сите страни.
Дилемата дали има или нема томос не е едноставна, уверува владиката.
Интервјуто со митрополитот крушевско-демирхисарски Јован за „Призма“ може да го прочитате тука.