Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот

Наставничка од основно училиште во Општина Аеродром вчера била физички нападната од родител. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во попладневните часови за време на одржување на родителска средба.
Наставничката К. К. Л. нападот го пријавила синоќа во 22:10 часот велејќи дека околу 17 часот била физички нападната во училница во училиштето каде што работи.
Нападот се случил додека наставничката, заедно со своја колешка, одржувала родителска средба.
Наставничката како сторител ја посочила М. М. Г. од Скопје, мајка на еден од учениците во училиштето.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
