Според него, Израел има две клучни барања во преговорите, како разоружување на Хезболах и постигнување траен мировен договор меѓу двете држави
Примирјето, како што рече, треба да создаде услови за продолжување на преговорите, најавувајќи можност за средба во Вашингтон со либанскиот претседател Џозеф Аун
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го потврди десетдневниот прекин на огнот со Либан, оценувајќи го како можност за постигнување историски мировен договор. Сепак, додаде дека израелската армија нема да се повлече од позициите во јужниот дел на земјата.

„Се согласив на привремен прекин на огнот од 10 дена“,
рече тој во видеобраќање по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека е постигнат договор за примирје меѓу Израел и Либан.
Сепак, според него, Израел ќе ја задржи контролата врз безбедносната зона.
„Остануваме во безбедносна зона од 10 километри, што ќе ни овозможи да спречиме инфилтрации и напади. Остануваме во Либан во проширена безбедносна зона“,
изјави Нетанјаху.
Prime Minister Benjamin Netanyahu, this evening:
— Prime Minister of Israel (@IsraeliPM) April 16, 2026
"We have an opportunity to forge a historic peace agreement with Lebanon. President @realDonaldTrump intends to invite me and the President of Lebanon in order to try to advance this agreement.
1/13 pic.twitter.com/lYMjAzm2Je
Посочи дека примирјето треба да создаде услови за продолжување на преговорите, најавувајќи можност за средба во Вашингтон со либанскиот претседател Џозеф Аун.
Според него, Израел има две клучни барања во преговорите, како разоружување на Хезболах и постигнување траен мировен договор меѓу двете држави.
Предупреди дека остануваат отворени прашања, меѓу кои и ракетниот арсенал на Хезболах, кој, додаде, дека ќе мора да биде дел од решението.
Од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, како што рече, му била пренесена и решителноста за демонтирање на преостанатите нуклеарни капацитети на Иран.
Во меѓувреме, најавениот прекин на огнот предизвика реакции во израелската опозиција, од каде упатија критики кон владата, оценувајќи дека договорот може да му даде простор на Хезболах за дополнително зајакнување.
Трамп ја објави информацијата за десетдневен прекин на огнот меѓу Израел и Либан на неговата социјална мрежа Трут соушл, посочувајќи дека претходно остварил разговори со либанскиот претседател Џозеф Аун и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, при што, како што рече, двајцата лидери се согласиле да започне десетдневен прекин на огнот како чекор кон постигнување траен мир.
Тој им наложил на потпретседателот Џеј-Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио, како и на началникот на Здружениот штаб, Ден Разин Кејн, да работат со двете страни со цел постигнување трајно мировно решение.
