Меѓународната потерница за Красниќи е по наредба на Основен кривичен суд Скопје и тој се бара за издржување на казна затвор за сторени кривични дела разбојништво, тешки дела против општата сигурност и казнување за подготвување во врска со кривично дело тероризам

Кондовецот Бесим Красниќи (44), за кого македонската полиција имаше распишано меѓународна потерница, денеска е екстрадиран од Косово во Северна Македонија.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го завршија процесот на екстрадиција. Лицето, додаваат од МВР, е спроведено во Казнено-поправната установа затвор „Идризово“.
Меѓународната потерница за Красниќи е по наредба на Основен кривичен суд Скопје и тој се бара за издржување на казна затвор за сторени кривични дела разбојништво, тешки дела против општата сигурност и казнување за подготвување во врска со кривично дело тероризам.
Бесим Красниќи, заедно со уште тројца, беше уапсен на 5 мај годинава во Урошевац, Косово, пренесе тогаш телевизија Телма.
Од Министерството за внатрешни работи тогаш за „360 степени“ потврдија дека добиле известување од косовската полиција за апсењето на четворица наши државјани, меѓу кои е и бегалецот Агим Красниќи, кој со години се бара со меѓународна потерница.
Лицата биле уапсени откако полицијата запрела „ауди“ со македонски регистарски таблички, во кое биле пронајдени оружје и муниција.
Тројца од четворицата уапсени имале лажни документи за идентификација.