Според информациите, премиерот бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот
Премиерот на Словачка Роберт Фицо, денеска бил застрелан во Хандлова каде се одржувала седницата на владата.
Според првичните информации, Фицо по седницата излегол пред Домот на културата каде ги поздравувал луѓето и во тој момент се слушнале истрели, јавува Гардијан.
Според информациите, премиерот бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот.
Тој е префрлен со хеликоптер во болница во Братислава.
Напаѓачот е уапсен на лице место.