Според него, претседателот на Северна Македонија, пратениците, премиерот на Владата, министрите и сите носители на функции се должни и мора да бидат пример за почитување на Уставот, меѓународните договори и законите на државата што ја водат. Непочитувањето, додава тој, носи одговорност, но и сериозни последици за државата кои веднаш ќе ги почувствуваат граѓаните
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и претседателката Гордана Силјановска-Давкова многупати повторија дека немаат намера да го поништат Договорот од Преспа, иако не се согласуваат со него. Затоа како носители на највисоките државни функции треба да го почитуваат Уставот, меѓународниот Преспански договор и законите. Тие треба да гледаат напред кон иднината на Северна Македонија и македонскиот народ, вели во изјава за ТВ 24 поранешниот премиер Зоран Заев.
Според него, претседателот на Северна Македонија, пратениците, премиерот на Владата, министрите и сите носители на функции се должни и мора да бидат пример за почитување на Уставот, меѓународните договори и законите на државата што ја водат. Непочитувањето, додава тој, носи одговорност, но и сериозни последици за државата кои веднаш ќе ги почувствуваат граѓаните.
„Одговорноста не е само политичка, туку и правна. А последиците се децениско непријателство со соседните земји, со Европската Унија, со САД и ОН. Сето ова ќе има далекусежни последици за секојдневниот живот и севкупниот стандард на Македонците и другите етнички заедници во Северна Македонија. Апелирам до нив да се тргнат од партиската наметка и што поскоро да сфатат дека сега сносат одговорност за државата и граѓаните. Владата ги почитува Уставот, меѓународните договори и закони како пример за целиот народ и тоа целосно ги почитува, или како влада презема чекори за нивно поништување или менување. Впрочем, Мицкоски и претседателката Силјановска Давкова многупати повторија дека немаат намера да го поништат Договорот од Преспа, иако не се согласуваат со него. Затоа како носители на највисоките државни функции треба да го почитуваат Уставот, меѓународниот Преспански договор и законите. Тие треба да гледаат напред кон иднината на Северна Македонија и македонскиот народ“,
изјавил Заев за ТВ 24.
Неговата реакција следи по вчерашната инаугурација на претседателката Гордана Силјановска-Давкова во Собранието. При давањето на свечената изјава, додека претседателот на Собранието Јован Митрески го читаше уставното име Република Северна Македонија, новоизбраната претседателка на државата, при повторувањето, користеше само Македонија.
(ВИДЕО) Свечената изјава на Силјановска-Давкова што ја налути Грција
Амбасадорката на Грција во земјава, Софија Филипиду, веднаш по заклетвата ја напушти собраниската пленарна сала во знак на протест. Од грчката амбасада рекоа дека тоа го сторила по инструкции од Министерството за надворешни работи на Грција.
Грчката амбасадорка ја напушти инаугурацијата на Силјановска-Давкова во знак на протест
Оттаму подоцна оценија дека некористењето на уставното име од Силјановска-Давкова е грубо кршење на Договорот од Преспа и Уставот на земјава.
Претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен, упатија честитки до новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова по повод нејзиното официјално стапување на функцијата.
Европската Унија изрази жалење што претседателката Силјановска-Давкова не го користела уставното име
Според Фон дер Лајен, за Северна Македонија да го продолжи својот пат кон ЕУ, потребно е да се почитуваат меѓународните договори како Преспанскиот.
Денеска се огласи и портпаролот на Европската Унија, Питер Стано, кој настапот на Силјановска-Давкова го оцени како несреќен.
Од амбасадата на САД во изјава за „360 степени“ посочија дека остануваат посветени на Преспанскиот договор и евроатлантските интеграции на С Македонија.
По бројните меѓународни реакции, од кабинетот на Силјановска-Давкова изјавија дека претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, но дека има право да користи Македонија во јавни настапи.