Резултат е разочарувачки. На СДСМ му е зададен тежок удар – порача лидерот Димитар Ковачевски и најави избори на сите нивоа во партиската структура. Ноќта кога СДСМ ја изгуби власта, никој деуг од раководството не смогна сили пред нашата камера да зборува за личниот придонес за изборниот дебакл.
Во засебниот штаб на кандидатот за претседател Стево Пендаровски во „Александар палас“ цела вечер беше тивко и празно. Само група туристи од Германија се изненадија од фактот што се на исто место со сè уште актуелниот шеф на државата.
Пендаровски кажа дека нема да користи државна пензија и дека се враќа на професорската работа. Што се случуваше пред и зад камерите, погледнете во видеото.