Претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ освоила 481 217 илјади гласа во вториот круг од претседателските избори според 87,03 отсто од обработените избирачи. Нејзиниот противкандидат поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски, пак, според истиот процент на обработени избирачи освоил 216 902 гласа
Звуци од зурли и тапани преточени во македонско оро се слушаат пред палатата „Христо Татарчев“, седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје, јавува репортерот на „360 степени“.
Членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ ја слават победата на својот претседателски кандидат, но и победничките резултати од парламентарните избори.

Пред речиси два часа симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ почнаа да се собираат пред седиштето на партијата, очекувајќи ги првичните резултати од денешниот изборен процес за избор на претседател и за парламентарните избори.
Од видеата што ги направи репортерот на „360 степени“ се гледа дека плоштадот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е преполн со луѓе.
Присутните во рацете држат македонско знаме. Дел од нив играат и оро.
Во околината на седиштето на партијата во центарот на Скопје се слушаат сирени и свирежи од автомобилите.
Претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ освоила 481 217 илјади гласа во вториот круг од претседателските избори според 87,03 отсто од обработените избирачи. Нејзиниот противкандидат поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски, пак, според истиот процент на обработени избирачи освоил 216 902 гласа.
Гордана Силјановска-Давкова на прес-конференција им се заблагодари на граѓаните за отпорноста на политичкиот притисок и повиците за бојкот.
Меѓу другото, Силјановска-Давкова рече дека во својот претседателски кабинет ќе се опкружи со жени слични на себе и со тоа ќе го започне реформскиот процес.