Хеликоптер на МВР денеска се превртел на скопскиот аеродром. Од МВР велат дека околу 11:30 ч. било пријавено дека на старата платформа до Полициската станица на граничен премин Меѓународен аеродром-Скопје,хеликоптер на МВР, M-17, од засега непознати причини, при полетување паднал откако наполнил гориво. Во хеликоптерот имало пет лица, а според првичните информации еден од нив е со лесни телесни повреди.
