Оваа информација околу 19 часот ја соопштија од Министерството за внатрепни работи (МВР), посочувајќи дека ги преземаат сите мерки за расчистување на случаите, по што, како што додаваат, ќе следат соодветни поднесоци
Евидентирани се три случаи на фотографирање на гласачко ливче во Штип, во село Тработивиште и во село Сопот, како и два случаи во Скопје во кои на избирачко место биле скинати гласачки ливчиња.
Оваа информација околу 19 часот ја соопштија од Министерството за внатрепни работи (МВР), посочувајќи дека ги преземаат сите мерки за расчистување на случаите, по што, како што додаваат, ќе следат соодветни поднесоци.

„Во 14 часот е пријавено дека на избирачко место во Штип М.Ш. (23) го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок. Полициски службеници од СВР Штип го приведоа Г.Ј. (34) од с. Тработивиште затоа што го фотографирал гласачкото ливче. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. Во 15:30 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 1680 во с. Сопот Р.А. од с. Сопот го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок“,
велат од МВР.
Оттаму информираат и дека во 15:40 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 2880 во Скопје Р.Х. (72) го скинал гласачкото ливче. Р.Х., а истиот е приведен и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
„Во 15:50 часот е пријавено дека во избирачкото место бр.2783 во Скопје Б. С. (48) го скинала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок“,
велат од МВР.