Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 15 април 2024 г. на МРТ 1, во кое гостуваат кандидатите за претседател на државата Стевчо Јакимовски („Храбро за Македонија“) и Билјана Ванковска (Левица)
На што точно мисли Стевчо Јакимовски кога вели – не сум децидно против внесување на Бугарите во Уставот, но сум децидно за комплетно затворање на прашањето со Бугарија, е една од темите на кои разговараме со кандидатот на коалицијата „Храбро за Македонија” за шеф на државата. Може ли да се оствари предизборната заложба на Билјана Ванковска за нов граѓански устав, пак, е едно од стожерните прашања во разговорот со кандидатката на Левица за претседателка на државата. Одделните интервјуа со Јакимовски и со Ванковска се дел од серијата предизборни разговори со седумтемина кандидати за шеф на државата што ја отпочнавме во претходното дебатно издание на „360 степени” кога гостуваа Бујар Османи и Арбен Таравари. Инаку, со Јакимовски и со Ванковска разговараме и за низа други прашања од нивните предизборни програми, како и за теми што се наметнаа во кампањата.