Инаку, Трамп се смета за долгогодишен поддржувач и симпатизер на рускиот претседател Владимир Путин. Неколку пати Трамп во своите изјави даваше коментар дека доколку биде избран за претседател на САД, би можел да ја заврши војната во Украина за 24 часа
Зеленски пред два дена рече дека е отворен да ги слушне предлозите на Трамп, но исто така изрази скептицизам дека неговите предлози би донеле до соодветни решенија
Доналд Трамп, кандидатот за претседател на САД од страна на републиканците, смета дека не би било соодветно да ја посети Украина во период кога тој не извршува функција на врховен командант, туку претседателски кандидат, пренесува Ројтерс. Овој став на Трамп го соопштија од неговиот тим, кој со него работи во претседателската кампања, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика да ја посети Украина и да ја види состојбата на терен, но и да ги чуе неговите идеи за крај на војната.

Сепак, од тимот на Трамп велат дека тој немал формален контакт со Зеленски.
„Трамп немал контакт со Зеленски. Но, јавно кажа дека не би било соодветно да оди во Украина во овој период бидејќи тој не е врховен командант“,
соопштија од тимот на Трамп.
Инаку, Трамп се смета за долгогодишен поддржувач и симпатизер на рускиот претседател Владимир Путин. Неколку пати Трамп во своите изјави даваше коментар дека доколку биде избран за претседател на САД, би можел да ја заврши војната во Украина за 24 часа.
Во интервју за Ројтерс минатата година Трамп рече и дека Киев можеби ќе мора да ѝ отстапи одредена територија на Русија, со цел да запре војната. Тогаш посочи и дека ако стане претседател, тоа би било предмет на преговори кои можеби и тој би ги поттикнал.
„Вашингтон пост“ пред неколку дена објави дека Трамп во приватни разговори рекол дека би можел да ја заврши војната со притисок врз Украина, но таа да ѝ ги отстапи на Русија териториите на Крим, како и граничниот регион Донбас.
Зеленски пред два дена рече дека е отворен да ги слушне предлозите на Трамп, но исто така изрази скептицизам дека неговите предлози би донеле до соодветни решенија.
„Ако договорот е само да се откажеме од нашите територии, тогаш тоа е многу примитивна идеја“,
рече Зеленски.
Трамп во март годинава ја освои републиканската номинација и на претседателските избори закажани за 5 ноември ќе се соочи со демократскиот претседател Џо Бајден.
Трамп и тврдокорните републиканци во Конгресот се против давање понатамошна помош за Украина.
Инаку, не е новина кандидатите за претседател на САД често да патуваат во странство и на тој начин да ги поставуваат своите позиции во надворешната политика.
Републиканските кандидати за претседател кои беа во трката, но не освоија номинации, како поранешниот потпретседател Мајк Пенс и поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи, ја посетија Украина за време на нивната кампањата за републиканска номинација.
Трамп тоа го правеше за време на неговата прва претседателска трка во 2016 година, кога го посети Мексико и се сретна со тогашниот претседател, Енрике Пења Нието.
Зеленски го повика Трамп да ја посети Украина, за да може да ги слушне неговите идеи, со кои би можело да се стави крај на руската инвазија на Украина, која започна во февруари 2022 година.
