Управата за јавни приходи ги повика работодавачите да поднесат барање за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април и мај 2020 година.
„За остварување на правото работодавачот поднесува барање за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април и мај 2020 година за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи“,
се вели во соопштението.
Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Даноци, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на доставувањето на барањето.
Начинот на пополнување на барањето за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април и мај 2020 година (образец БФП-ИП) http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/221 е составен дел на барањето, односно е појаснет во Упатството за пополнување.
