Каевски рече „ВМРО-ДПМНЕ и ‘белата палата’ со истите лица на изборната листа потврдува дека е можно само враќање назад“

Листата на ДПМНЕ е листа за блокада, за откажување и враќање назад во изолација, обвини денеска пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.
„Тие што го блокираа европскиот пат на земјата, тие што спроведуваа активна блокада на Собранието, се повторно на изборнaта листа на ДПМНЕ. Над 80 отсо се истите пратеници“,
рече Каевски на денешната предс-конференција.
Каевски рече дека досега граѓаните биле сведоци на блокадите, одолговлекувањата, бесмислени реплики, штанцањето илјадници амандмани во македонското Собрание.
Според портпаролот Каевски, изминатиот перидот на комисиите во Собранието кои се предводени од опозицијата не се закажувале седници и не се ставале на дневен ред клучни закони во парламентарните комисии.
„Се лупаше и се тропаше во Собранието за да се попречи европскиот пат на земјата. Во време на криза ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите. Беа против минималната плата и раст на платите. Беа и се уште се против членството на државата во ЕУ“,
рече Каевски.
Каевски рече „ВМРО-ДПМНЕ и ‘белата палата’ со истите лица на изборната листа потврдува дека е можно само враќање назад“.
„Во ДПМНЕ нема никаква промена и не можат да донесат никакви промени на подобро, напротив. Се потврди“,
додаде тој.
Изборот, рече Каевски, пред граѓаните на претстојните избори е помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност, враќање 10 години назад во изолација со ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ, денеска на партиски настан ги промовираше кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ за парламентарните избори кои беа финализирани на седница на Извршниот и Централниот комитет во четвртокот.
Носители на пратеничките листи за претстојните парламентарни избори се лидерот на партијата, Христијан Мицкоски и актуелни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски денеска во својот говор кажа дека државата покрај тоа што е наша припадност, таа претставува и наше наследство кое многу генерации претходно скапо го платиле и потсети дека секој треба да биде свесен дека секоја педа македонска земја е натопена со многу страдања борби и крв, па затоа, дојден е часот и моментот кога сите заедно треба да ги промениме работите бидејќи ова е последен час за победа на пристојните луѓе во Македонија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека победата на претстојните парламентарни избори ќе испрати порака дека два милиони народ се посилни од стотина елитисти кои со години ја упропастуваат Македонија и дека оваа победа ќе значи крај на обезличувањата и крај на криминалот и корупцијата која го јаде македонското здраво ткиво.