Терористите вчеравечер облечени во униформи упаднаа во голема концертна сала во Москва и отворија оган, при што ја запалија
Последните информации од Рускиот истражен комитет кој објавува на канал на апликацијата „Телеграм“, бројот на загинати во терористичкиот напад во концертната салата „Крокус“ во близина на Москва се зголеми на 115, а повеќе од 140 луѓе се повредени.
„На местото на терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“, кога итните служби ги расчистуваа урнатините, пронајдени се повеќе тела, така што бројот на загинати во моментов е 115 лица“,
се вели во соопштението на Истражниот комитет.
Терористите вчеравечер облечени во униформи упаднаа во голема концертна сала во Москва и отворија оган, при што ја запалија. Напаѓачите веднаш потоа побегнале, а утринава Руската Федерална разузнавачка служба соопшти дека во врска со нападот приведени се 11 лица, меѓу кои и четворица терористи кои биле директно инволвирани.
Како што додава руската агенција, според прелиминарните податоци, луѓето починале од прострелни рани и труење. За време на нападот терористите употребиле автоматско оружје, а со запалива течност упаднале во просториите на концертната сала.
Во меѓувреме Русија добива меѓународни телеграми со сочувство од Кина, Америка, Велика Британија, Германија и други.