Едната слика го прикажува претседателот како стиска со забите додека неговата десна рака удира во боксерската вреќа, а на другата тој прави гримаса на лицето удирајќи со рацето во боксерската вреќа
Макрон изминатиот период неколку пати ја повтори можноста за испраќање западни трупи во Киев, предупредувајќи на европските безбедносни ризици доколку Русија победи во Украина
Фотографии од францускиот претседател Емануел Макрон како удира во боксерска вреќа предизвикале забава, но и вознемиреност во Франција, пренесува Си-ен-ен.

Фотографиите објавени на Инстаграм од неговиот официјален фотограф се црно-бели и покажуваат дека Макрон вежба во тесна темна маица и ракавици.
Едната слика го прикажува претседателот како стиска со забите додека неговата десна рака удира во боксерската вреќа, а на другата тој прави гримаса на лицето удирајќи со рацето во боксерската вреќа.
Коментарите под фотографиите укажуваат на неговиот се поостар на Макрон против Москва, пишува Си-ен-ен.
Макрон изминатиот период неколку пати ја повтори можноста за испраќање западни трупи во Киев, предупредувајќи на европските безбедносни ризици доколку Русија победи во Украина.
Многумина, пак, ја посочија и на големината на неговиот бицепс.
Филип Моро-Шевроле, експерт за политичка комуникација и професор за француските медиуми посочил дека преку фотографијата се испраќа порака која е наменета за Путин, посочувајќи дека Макрон, како што рекол, сака да покаже дека е подготвен за борба.
Франција може да испрати војници во Украина доколку линијата на фронтот се придвижи кон Одеса или Киев, изјавил на почетокот на месецот францускиот претседател Емануел Макрон, со што потврдува дека не се откажува од идејата да испрати француска армија на боиштата во Украина, пренесува француски „Индипендент“.