Лицата со дијабетес се една од ризичните категории на луѓе во пандемијата од вирусот ковид19. Со цел максимално да се заштитат од самиот вирус, но и да ја задржат добрата гликорегулација ендокринолозите од Македонија објавија практични совети и препораки како да се надминеме овој период, а здравјето и крвниот шеќер да останат во добар баланс.
1.Лицата со дијабете немаат поголема можност да заболат од ковид-19, туку полоши исходи од заразата
2.Децата и младите со дијабет не се повеќе засегнати од ковид-19 од нивните врсници без дијабет
3. Доколку не го контролирате добро дијабетесот, има опасност за потешка инфекција со коронавирус
4. Потребна е почеста контрола на крвниот шеќер и да се има контакт со својот лекар или медицинска сестра
5. Баланс на физичката активност во домашни услови и исхраната
6. Одржување здрав режим на исхрана, прекумерната тежина ги влошува компликациите од ковид-19
7. Одржување на менталното здравје и справување со стресот
8. Кои три правила се следат при зараза на лице со дијабет со ковид-19?
*Сите препораки и совети се поддржани од Сојузот на здруженијата на дијабетичари на Македонија
