Жителите на Негорци велат дека невремето и врнежите од град почнале околу 12:30 часот, а половина час подоцна тоа повторно се интензивирало и од градот кој паѓал сè било побелено

Попладнево регионот на Гевгелија беше погоден од силно невреме проследено со интензивен пороен дожд и силен град сo големина на орев. Најмногу град е паднат во селото Негорци.
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во 13 часот најмногу воден талог имало во Гевгелија, и тоа 9 литри на квадратен метар. Во југоисточните делови од земјата, од УХМР велат дека имало и грмежи.
Жителите на Негорци велат дека невремето и врнежите од град почнале околу 12:30 часот, а половина час подоцна повторно се интензивирало и од градот што паѓал сè било побелено.
Освен во Негорци, невреме имало и во селата Мрзенци, Богородица, но и во Гевгелија.
Минатата недела, во регионот на Гевгелија, исто така, имаше невреме проследено со град и силен дожд.
Од невремето, на 7 март, од удар на гром во атарот на селото Негорци, загина малолетник додека ја напасувал стоката.
