Пријавата стигнала денеска во 15:30 часот по што била упатена екипа на Итна медицинска помош која констатирала смрт со изгореници по телото кај малолетник кои наверојатно биле од удар од гром
Малолетник попладнево, додека напасувал добиток, загинал од удар на гром во атарот на гевгелиското село Негорци.
Според портпаролката на Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица, Александра Трајанова трагичниот настан се случил во периодот кога гевгелискиот регион бил зафатен од силно невреме.
Трајанова вели дека во Одделението за внатрешни работи Гевгелија пријавата стигнала денеска во 15:30 часот по што била упатена екипа на Итна медицинска помош која констатирала смрт со изгореници по телото кај малолетникот од Негорци кои наверојатно биле од удар од гром.
Телото на починатото момче, како што велат од СВР Струмица, било дадено на обдукција, а на местото бил извршен увид.