Бројот на оздравени (627) се приближува до бројот на активно болни (742)
Дури 76 отсто (564 лица) од активно болните се во само три града – Куманово (257), Скопје (201) и Прилеп (106). Во Дебар има само еден активно болен
Куманово со околината е подрачјето на кое во овој момент има најмногу активно болни од ковид-19 во Северна Македонија. Нивниот број е 257, наспроти 201 активно болен во Скопје, иако главниот град е на водечкото место според вкупно заразените од почетокот на епидемијата. Во Скопје досега се регистрирани 493 носители на вирусот, а во Куманово 384.
Соодветно на ова, најмногу излекувани од ковид-19 досега има во Скопје – 276, наспроти 108 во Куманово. Следува Дебар со 46-мина оздравени и само еден што сѐ уште се води како болен.
Од случаите што се водат како оздравени, 140 (22,3%) биле хоспитализирани додека 487 (77,7%) биле на домашно лекување.
Кога кон водечките според бројот на активни случаи Куманово (257) и Скопје (201) се додаде и Прилеп со 106 сѐ уште болни, се доаѓа до констатација дека само на овие три подрачја се дури 76 отсто од активно болните во земјава.
