Откако Трамп Помладиот го отворил писмото во својата канцеларија на Флорида, членовите на специјалните служби брзо реагирале

Доналд Трамп Помладиот, најстариот син на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во понеделникот вечерта примил и отворил писмо со неидентификуван бел прав, пренесува Еј-би-си њуз.
„Резултатите од тестот на супстанцијата беа неубедливи за што точно се работи, но официјалните лица на местото на настанот не веруваат дека е смртоносна“,
вели портпаролот на Трамп Помладиот во изјава за Еј-би-си њуз.
Откако Трамп Помладиот го отворил писмото во својата канцеларија на Флорида, членовите на специјалните служби брзо реагирале.
Полицијата соопшти дека истрагата ја спроведува шерифот на Палм Бич, во соработка со американската тајна служба, но нема дополнителни детали.
Трамп Помладиот често ги води предизборните активности на неговиот татко, а ова е вторпат да му се испраќа писмо со бел прав. Во 2018 година, неговата тогашна сопруга Ванеса била однесена во болница во Њујорк откако отворила плик адресиран до нејзиниот сопруг, во кој имало неидентификуван бел прав. Полицијата подоцна соопшти дека супстанцијата не е опасна.
Маж од Масачусетс потоа беше уапсен и осуден на пет години условна казна поради испраќање на многубројни заканувачки писма со сомнителен прав до повеќе личности од висок профил, вклучувајќи го и Трамп.
Во март 2016 година, полициските детективи и агентите на ФБИ истражуваа заканувачки писмо испратено до станот на Менхетен на братот на Доналд Трамп Помладиот, Ерик, во кое исто така имало бел прав кој се покажал како безопасен.
Писма со бел прашок, исто така, беа испратени двапати во 2016 година во кулата „Трамп“, која служеше како изборен штаб на Трамп.
