„Согласно Законот за безбедност во сообраќајот, возачките дозволи кои се со старото име повеќе нема да важат ниту за внатрешна ниту за надворешна употреба. Ги замолувам граѓаните да не ги возат возилата со старите возачки дозволи. По медиумите има информации дека МВР ќе казнува. Тоа не е суштината. Не дај Боже, ако се случи сообраќајна несреќа, осигурителните компании ќе имаат право на регрес само поради условот што возачката дозвола е неважечка. Ова е невидена грозотија која од утре ќе се случува“, вели техничкиот министер за внатрешни работи
Сакам да им се извинам на граѓаните на Република Македонија за сето она што е предизвикано и ќе следува во наредниот период, а е последица на неработењето, непрофесионализмот, незнаењето и полтронството на сите оние што имаат директна вина за денес граѓаните да бидат на ова дереџе. Ова денеска на ТВ Канал 5 го изјави техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски за последните детали за начините на кои граѓаните ќе може да ги користат личните документи по 12 февруари годинава, кога согласно Преспанскиот договор завршува рокот за нивна промена.
„Прво, заклучно од 13.2.2024 патните исправи кои се старото име нема да важат. Тие нема да можат да излезат од територијата на Република Македонија. Оние што ќе пристигнат на граница ќе бидат вратени. Службениците ќе мора да постапат по закон и да ги вратат назад. Второ, согласно Законот за безбедност во сообраќајот, возачките дозволи кои се со старото име повеќе нема да важат ниту за внатрешна ниту за надворешна употреба. Ги замолувам граѓаните да не ги возат возилата со старите возачки дозволи. По медиумите има информации дека МВР ќе казнува. Тоа не е суштината. Не дај Боже, ако се случи сообраќајна несреќа, осигурителните компании ќе имаат право на регрес само поради условот што возачката дозвола е неважечка. Ова е невидена грозотија која од утре ќе се случува“,
рече Тошковски.
Според него, оние што имаат двојно државјанство ќе можат да излезат од Република Македонија и да влезат во државата, а оние што имаат лична карта со старото име нема да бидат сопрени од полициските службеници и ќе им биде дозволено да излезат од границите кон оние држави со кои имаме билатерален договор, како Србија, Албанија и Косово, но, како што вели Тошковски, не може да се гарантира дека тие ќе можат да влезат во соседните држави.
„Нашите граѓани кои се надвор од Македонија, без разлика дали имаат патна исправа со старото или со новото име, тие ќе може да пристигнат во државата, која е должна да ги прими“,
рече тој.
Тошковски вели дека откако бил предложен од ВМРО-ДПМНЕ за технички министер најавил решение за оваа состојба и најавил дека ќе поднесе закон за изменување и дополнување на Законот на лични документи и на Законот за безбедност во сообраќајот.
Тоа, според него, е единственото решение во оваа ситуација кога граѓаните се заглавени и не можат навреме да ги сменат своите лични документи. Со измените на законите тврди дека ќе се овозможи нормално функционирање.
„Измените ги подготвив. Готови се. Тука се. Бев опструиран во овие две недели од мои колеги, односно други министри, кои ми велеа дека ќе сме прекршеле меѓународен договор. Како сум се дрзнал да предлагам вакво нешто. Она што го предлагам е согласно сите меѓународни акти кои гарантираат основни човекови права. Со тоа што ние ќе забраниме излез на македонските граѓани и ќе ги притвориме на територија од 26 илјади квадратни километри ги кршиме Европската конвенција за човекови права, Универзалната декларација за човекови права, го кршиме нашиот Устав, кршиме донесени пресуди од Стразбур. Кршиме основно човеково право. Оваа држава ќе треба да му плати баснословни суми за надомест на штета на секој еден граѓанин кому ќе му оневозможи да излезе од државата, а е со валидна патна исправа од аспект на втиснат датум со старо име“,
рече Тошковски.
Смета дека нема кршење на меѓународните договори со усогласување на техничките рокови на Преспански договор исклучиво врз објективни, технички и човечки капацитети на РМ. Така, вели дека само можеме да ја исполниме неговата суштина, а во никој случај да ги прекршиме техничките рокови.
„Може да се бараат нови рокови. Ова што се случува е флагрантно кршење на човекови права, дефинирани со меѓународни акти кои се цивилизациска придобивка. Ова е страшно. Не може ни да поверувам како во изминатиот период како ги убедувале нашите пријатели дека немаме проблем. Па, ние имаме издадено милион и 300 илјади пасоши, треба да издадеме уште милион и 200 илјади пасоши. Ова е математика“,
вели техничкиот министер.
Според него, во договорот се вели обновување на сите документи во рок од пет години, со што, како што вели, значи веќе е прекршен договорот.
„Има решение проблемот. Намерно не го кажав овие две недели јавно откако сум министер сакајќи да дозволам процесот заеднички да го договориме и да излезе како решение во насока на заштита на човековите права. Грција нема право да го поништи пасошот. Ветото за притвор на граѓаните во Република Македонија е ставено од страна од овие што се на власт. Ги направи луѓето да се чувствуваат без кичма“,
рече тој.
Вели дека измената на законот и да се реши состојбата може да се случи за еден ден ако се има политичка волја за тоа.
„Обрасци немаме. Пасоши немаме за печатење. Имаме 5 000 македонски и 10 000 албански пасоши. И тие се за не дај Боже ситуации. Има луѓе со здравствени проблеми. Алармантна е состојбата, а решение има“,
вели тој.