Европратениците од „Обнови ја Европа“ предложија создавање на мини Шенген-зона меѓу Грција, Романија и Бугарија, која ќе биде оперативна уште од летово, а ќе го олесни густиот сообраќај меѓу трите балкански земји. Иницијативата има за цел да создаде мини Шенген-зона меѓу трите балкански земји во летниот период оваа година за да им го олесни патувањето на луѓето за време на сезоната на одмор
Владите на Бугарија, Романија и Грција немаат намера официјално да разговараат за идејата за одвоено воведување зона без гранична контрола меѓу нив бидејќи тоа би било незаконско, изјавил вчера бугарскиот премиер Николај Денков, пренесува националната телевизија БНТ.

„Таквото отстранување на границите би било спротивно на европското законодавство. Слушам дека има такви предлози, но за нив не разговараат политичките раководства на трите земји“,
изјавил Денков пред самитот на ЕУ во Брисел.
Европратениците од „Обнови ја Европа“ предложија создавање на мини Шенген-зона меѓу Грција, Романија и Бугарија, која ќе биде оперативна уште од летово, а ќе го олесни густиот сообраќај меѓу трите балкански земји.
Иницијативата ја покренале бугарскиот пратеник Даниел Лoрер и романските европратеници Дачијан Чолос и Влад Георге, како и грчкиот европратеник Георгиос Кирцос. Сите освен Лорер се претставници на либералните партии од групата „Обнови ја Европа“ во Европскиот парламент.
Романскиот европратеник Влад Георге во интервју за „Еурактив Бугарија“ коментира дека Бугарија и Романија се веќе дел од Шенген, со што смета дека идејата за мини Шенген на Балканот е сосема реална.
Тој најави дека европратениците добиле неформални многу позитивни сигнали од грчката влада, како и најава дека ќе ја поддржат иницијативата.
Иницијативата има за цел да создаде мини Шенген-зона меѓу трите балкански земји во летниот период оваа година за да им го олесни патувањето на луѓето за време на сезоната на одмор.
Од 31 март 2024 година Бугарија и Романија стануваат делумни членки на Шенген-зоната, но засега само за поморски и аеродромски патувања. Грција долго време е дел од зоната за слободно патување, но нема копнена граница со земја од Шенген-зоната.
Во четвртокот, бугарскиот премиер Николај Денков објасни дека Бугарија ќе бара целосно прифаќање во Шенген според официјалната процедура.
Тој експлицитно напомена дека бугарската влада е поддржана од Германија и додаде дека Софија повторно ја бара поддршката од Берлин за да постигне полноправно членство во Шенген и во еврозоната до крајот на оваа година.