Одлуката на владата не подлежи на гласање во Парламентот, но тој може да стави вето, ако така одлучи. Службената влада на Марк Руте е должна да го информира Парламентот за секое решение кое го носи
Холандија даде зелено светло за влезот на Бугарија во Шенген-зоната, најголемата зона во светот каде што нема проверки на пасоши.
Ова го соопштија премиерите на двете држави, Николај Денков и Марк Руте, по средбата на лидерите на Европската Унија во Брисел, пренесува бугарската државна телевија БНТ.

Холандската влада испратила писмо со одлуката до тамошниот Парламент.
Одлуката на владата не подлежи на гласање во Парламентот, но тој може да стави вето, ако така одлучи. Службената влада на Марк Руте е должна да го информира Парламентот за секое решение кое го носи.
Според бугарската државна телевизија, сите се надеваат дека нема да има вето за владината одлука за Шенген.
„Во писмото до парламентот, холандската влада потсетува на резултатите од последната мисија во Бугарија и вели дека не открила недостатоци“,
соопштува телевизијата.
Според кабинетот на Руте, бугарската влада спровела реформи и затоа има позитивна одлука на барањата за присоединување кон Шенген-зоната.
„Она што го гледаме на бугарско-турската граница е сериозно подобрување, во државата има и сериозен напредок во борбата против корупцијата. Сосотојбата не е перфектна, но значително е подобрена. Затоа Холандија треба да биде чесна и да признае дека има напредок. Со години го попречувавме влегувањето на две земји. Минаната година дадовме позитивна оценка за Романија, сега треба да сме чесни и тоа да го направиме за Бугарија“,
изјавил Руте.
Премиерот на Бугарија, Денков очекува позитивна одлука и од холандскиот Парламентот.
рече Денков.
„Следната недела очекуваме позитивна одлука и од холандскиот Парламент. Работевме навистина напорно за да ги исполниме сите обврски“,
Холандската влада пред една година донесе одлука да го блокира влезот на Бугарија во Шенген зоната, зашто сметаше дека оваа земја се уште не ги исполнува потребните услови за членство во зоната.