Според информациите од Авто-мото сојузот на Македонија и јавното претпријатие „Македонијапат“ укинати се забраните на планинскиот превој Плетвар, Стража, Ѓавато, од село Рогачево до граничниот премин „Јажинце“, од Струга кон граничниот премин „Ќафасан“, Маврово–Дебар, како и од Крива Паланка кон граничниот премин „Деве Баир“
Од утринава се укинати сите забрани за сообраќај за тешки товарни возила кои беа воведени поради снежните врнежи во земјава, но се препорачува внимателно возење и приспособување на брзината кон условите на патот.
Според информациите од Авто-мото сојузот на Македонија и јавното претпријатие „Македонијапат“ укинати се забраните на планинскиот превој Плетвар, Стража, Ѓавато, од село Рогачево до граничниот премин „Јажинце“, од Струга кон граничниот премин „Ќафасан“, Маврово–Дебар, како и од Крива Паланка кон граничниот премин „Деве Баир“.
Денеска во Македонија ќе има постепено стабилизирање на временската состојба, ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, но со пониски температури.
Утринските температури се движат од минус 9 до 0, додека во текот на денот ќе достигнат меѓу минус 3 и 5 Целзиусови степени. Претпладне претежно во јужните делови ќе има услови за локален снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје и во околината денеска ќе биде студено и променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Темератирата во текот на днот ќе достигне 2 степена.
