Претпладне претежно во јужните делови ќе има услови за локален снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец
Денеска во Македонија ќе има постепено стабилизирање на временската состојба, ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, но со пониски температури.
Утринските температури се движат од минус 9 до 0, додека во текот на денот ќе достигнат меѓу минус 3 и 5 Целзиусови степени. Претпладне претежно во јужните делови ќе има услови за локален снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје и вовоколината денеска ќе биде студено и променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во текот на денот ќе достигне 2 степени.